Астро

Дневен хороскоп за 22.06, Петок – Овенот ќе има вишок енергија, Лавот нема да може да заборави на минатото

Овен     

Вишокот на енергија ќе биде максимално присутен, што ветува успех и завршување на обврските. Имено, поставеноста на планетите ќе ве мотивира кон надворешните активности, така што ќе имате убава можност за остварување нови релации со лицата од непосредната околина. Ви се препорачува да покажете интерес за интелектуална надградба и да го следите говорот на телото во миговите кога ќе царува љубовта.

Бик

Големата ангажираност и жртвувањето што ги направивте во доменот на работата, не вродија со плод, така што е неопходно да ја промените тактиката и да се дистанцирате од лицата кои недоволно ве вреднуваат. Всушност, секогаш кога успехот ви зависел од туѓата поддршка и одлука сте доживувале разочарување, поради што ќе мора да се соочите со реалноста и да не дозволите и понатаму да ве манипулираат и користат. Без осамостојување, ништо нема да направите.

Близнаци

Без разлика што најголемиот дел од денов ќе го потрошите на неконструктивни размислувања, сепак ако не се преземат конкретни чекори кон тоа што ве привлекува, тогаш илузорно е да се очекува дека ќе ги помрднете работите од мртвата точка. Затоа, покажете ентузијазам и подготвеност за пречекување на предизвиците, зашто со пасивност и страв од искушенијата, ништо конкретно нема да направите.

Рак

Ќе имате добра можност за надминување на кризата што ве следеше во претходниот период. Затоа, ви се препорачува да пронајдете време за другарување со позитивни лица или да се обидете да излезете од секојдневието кое се закануваше максимално да ве изнемошти на психофизички план.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: