Астро

Дневен хороскоп за 05.06, Вторник – Девиците ќе чујат добра вест, на Лавот ќе му треба време сам

Овен

Се трудите да ги контролирате случувањата на работното место и успевате да стабилизирате некоја ситуација која е многу стресна. Свесни сте дека вашите планови се грандиозни. Ако од неодамна сте на ново работно место би било паметно да не навлегувате во кавги со колегите.

Бик

Ако во последно време сте биде поактивни отколку вообичаено, ќе добиете пофалба, веројатно помала од очекуваната, но сепак ќе бидете задоволни со тоа што некој ја цени вашата работа. Ако имате прилика да изберете меѓу две работни места, поради транзитот на Месечината, најверојатно ќе се одлучите за онаа која ви овозможува да бидете присутни во јавноста.

Близнаци

Денешниот транзит на планетите ви носи добри можности за проширување на соработката особено со оние на кои не сте сметале ниту сте се надевале дека ќе ви бидат од корист. Овозможете им шанса и потрудете се да соработувате. Ако ви се допадне некоја идеја за приватен бизнис, ќе имате потреба од помош од некоја Вага или некој Лав.

Рак

Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во приватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: