Астро

Дневен хороскоп – 22.02, Четврток

Овен

Сонцето навлегува во знакот Риби и тоа позитивно делува на родените на почетокот од овој знак. Подготвени сте да ја обновите соработката со странци. Тоа се однесува и на оние кои се присутни во јавноста или рабoтат во големи приватни или државни компании, а на некој начин имаат чувство дека се ограничени во своите овластувања. Имате многу начини како да го испланирате зголемувањето на приходите, особено во заедничка соработка со некој Лав или Водолија.

Бик

Ова е еден од напорните денови бидејќи мора да тактизирате со огнените знаци, а вие претпочитате да бидете искрени и да си кажете се што ви лежи на душата. Родените на крајот од овој знак може да очекуваат пријатна атмосфера во друштво на некој Стрелец или Лав. Некој смета на вашата поддршка и тоа ве прави да се чувствувате доминантно. Во астролошкото поле на бизнисот сеуште Месечината ви носи сјајна можност за напредок, за некој договор, а посебно со лицата кои се популарни во јавноста. Можен е повик од некој Јарец или Стрелец во врска со проширување на соработката.

Близнаци

Подготвени сте за нови работи, за промени, сакате да се случи нешто што ќе ви обезбеди можност да покажете колку сте способни брзо да реагирате. Близнаците кои подготвуваат испити или оние кои се обидуваат да добијат стипендија во странство ги чека пријатно изненадување. Ако сте во повозрасните години или сте решиле да започнете со политичка или дипломатска кариера, или се занимавате со спорт, поставете се ладнокрвно, а вашите мисли нека бидат рационални.

Рак

Денеска ќе бидете поголеми оптимисти од вчера. На работа очекувајте убаво изненадување. Ќе добиете нови задолжувања кои ќе бидат поинтересни од претходните. Кога работата е во прашање, на партнерот можете секогаш да се потпрете. Финансиските проблеми ви создаваат грижи, но работата ќе ви донесе профит на кој не се надевавте.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: