Астро

Дневен хороскоп – 16.03, Петок

ОВЕН
Имате впечаток дека некој друг почесто доаѓа во ситуација да ги одредува правилата за деловното однесување, што негативно се одразува на вашата концентрација. Навремено исправете ги своите пропусти, секогаш постои излез и добро решение. Партнерот делува расположено, важно е да постојат добри намери кои вам емотивно ве зближуваат. Потребно ви е нечие присуство и искрена наклонетост. Избегнувајте премногу напорни и стресни ситуации.

БИК
Потребни ви се доверливи информации за навреме да ги завршите вашите обврски или да ги задоволите различните критериуми за успешна соработка. Не треба да се залажувате со разни олеснувања кои нудат привремено решение. Можно е вам да ви недостасува емотивна дискреција во блиските контакти кои ги имате со една личност. Понекогаш работите ги гледате само врз основа на личните критериуми. Нема причина за преголема загриженост.

БЛИЗНАЦИ
Не ви се допаѓа сознанието дека некој ги критикува вашите идеи, затоа се обидувате да го промените кругот на соработници. Избегнувајте брзоплетост во однесувањето, бидејќи грешките кои ќе ги направите може да имаат двоен ефект. Обрнете внимание на новите случувања кои се премолчуваат од непознати причини. Зачувајте ја присебноста, особено кога се наоѓате во необични ситуации. Ви треба повеќе часови здрав сон и релаксација.

РАК
Нема причина да очекувате големи привилегии или нечија согласност. Насочете ја својата концентрација на решавање на некои практични цели. Важно е правилно да го процените распоредот на чекорите кои водат до деловен успех. Воздржете се од различни провокации, нечие однесување или емотивна улога кои може лесно да ве залажат. Бидете доволно мудри, немора да искажувате се што мислите. Добро ќе ви дојде витаминска исхрана.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: