Астро

Дневен хороскоп – 15.03, Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес поради потребите на вашата кариера можеби ќе ги потиснете вашите потреби. Сепак, вашата амбиција ќе биде задоволена со некои информации кои може да ги добиете од далеку. Многу е веројатно дека таа информација ќе ви биде од корист затоа искористете ја без чекање.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината еднаш месечно престојува два и пол дена во вашата астролошка куќа на интуицијата и сега со полн сјај ви испраќа позитивни вибрации и оптимизам. Има многумина на кои можете да се потпрете, особено на некој Ракови или на некој Јарец. Месечината во Близнаци навестува можност за разговор со лица на некоја позиција, но со многу млади лица, а на вас тоа ви одговара бидејќи ќе бидете во можност да дадете предлози за кои сте уверени дека ќе бидат прифатени.

Рак (22.06 – 22.07)

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив. Финансиите во овој период ќе бидат вашата најслаба страна.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: