Астро

Дневен хороскоп – 12.03, Понеделник

Овен (21.03 – 20.04)

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.

Бик (21.04 – 21.05)

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе забележите дека финансиската состојба ви се подобрува и тоа ќе ви влијае особено позитивно на расположението. Денес имате прилично динамичен ден со можни резултати на деловен или професионален план. Не го запоставувајте семејството и партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: