Астро

Дневен хороскоп – 10.03, Сабота

Oвен

Контактие ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете се иако не ви се допаѓа- нема да зажалите. Ќе биде изразена желбата за забава и дружење. Во љубовта ситуацијата се подобрува. Здравје: многу добро.

Бик

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се одкажите од нешто. Но внимавајте од што. Во секој случај не е баш идеален ден за љубов. Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете внимателни.

Близнаци

Можностите за работен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силен волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате. Интуицијата ви е нагласена ќе бидете отворени за комуникација со луѓето, а покрај тоа ќе имате и доволно сила и енергија да ги елиминирате сите препреки.

Рак

Ве очекува разврска на емотивното поле. Денов е добар и за нови почетоци во љубовта , па соберете храброст и пријдете му на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување. Не претреувајте во трошењето на парите и помислете на тоа како ги заработувате. Здравје: главоболки.

Останатите знаци погледнете ги на наредната странциа

error: