Астро

Дневен хороскоп – 01.03, Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Денес би можеле да се нервирате околу финансиските прашања. Веројатно само ги преувеличувате ситниците кои не ви се допаѓаат. Бидете малку поскромни во трошењето и малку реорганизирајте ги плаќањата на обврските и се ќе биде во ред. Важно е само да гледате објективно на секоја ситуација.

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Можна е соработка со лица кои работат во медиумите и со кои имате добро искуство. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето. Насочете се кон работата и исполнете си ги обврските, внимавајте некој Бик ќе посака да се расправа со вас, игнорирајте го.

Рак (22.06 – 22.07)

Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната година ќе дојдат подобри денови. Некога Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: