Астро

Цврсто стои на земја: Жената во овој хороскопски знак е родена победничка

Типична претставничка од групата на земјени хороскопски знаци која цврсто стои на земјата и не е склона на фантазирање туку живее во реалноста и зема од неа колку што може повеќе.

Претпоставувате дека станува збор за Јарец.

Неверојатно силна, дамата Јарец може да ги преброди сите животни препреки, а секој проблем го решава смирено. Иако на момент може да делува ладно и резервирано, сепак под површината се крие дама со одлична смисла за хумор која чезнее по сигурност.

Своите амбиции е подготвена да ги жртвува само поради семејството. По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да го губи своето време на бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и ако некој и се допаѓа нема се да препушти на судбината туку свесна за своите способности ќе ги земе работите во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот кој го посакува.

Сака да биде рамноправна со својот партнер, а на него секогаш ќе му биде поддршка, особено во тешките моменти.

Совршен партнер за неа е некој кој сака да успее во животот колку и самата таа.

Идеални партнери за неа се Бикот и Девицата бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце, додека пак Ракот во целост ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.

error: