Астро

БУРМАНСКИ ХОРОСКОП: Каква личност сте според денот на раѓање?

Астрологијата постои од моментот кога луѓето започнале да гледаат во ѕвездите. Заслугите за неа им припаѓа на Вавилонците. Се смета дека зодијак, што е грчки збор за „круг на животни“, се создал во стар Египет. Зодијаците кои се познати за поголемиот дел од нас, популарноста ја стекнале кај старите Грци. Меѓутоа, и многу други општества имаат свои верзии. На многумина им е омилени бурманскиот хороскоп. Дали знаете кој знак сте во овој хороскоп и што тој открива за вашата личност? Продолжете да читате понатаму доколку сакате да го дознаете одговорот!

Понеделник: Тигар

 

Ако сте родени во понеделник, вашиот знак е моќен тигар. Како и оваа голема мачка, така и вие сте паметни, имате силна перцепција и многу сте детални. Сакате да играте по правилата, но не дозволувате некој друг да биде подобар од вас, бидејќи се гледате себеси на самиот врв од синџирот на исхрана. Покрај тоа, едноставно немате време за неважни работи.

Вторник: Лав

 

Луѓето родени во вторник се друг вид дива мачка. Лавовите се родени лидери и силно се борат за своите уверувања. Тие се обично многу фер и морални, а имаат и високо мислење за себе. Ова може да значи дека понекогаш се премногу упорни и тврдоглави.

Среда претпладне: Слон со коски

 

Во бурманската астрологија, 8 е многу важен број и затоа постојат 8 знаци, односно среда е поделена на два дела. Ако сте родени во среда претпладне, вие сте слон со коски, односно индиски машки слон. Тоа може да значи дека сте малку непредвидливи, но секогаш вложувате 105% од себе во сѐ што правите. Секако, вие имате и своја дива страна која може да ве вовлече во проблеми, но луѓето ве сакаат заради вашата жива природа и возбудувањата кои ги носите со себе.

Среда попладне: Слон без коски

 

Луѓето родени во среда попладне се слични како слоновите. Може да бидат многу затворени и на затоа на останатите им е многу тешко да им се приближат. Секако, тоа е само одбранбен механизам со кој се бранат од проблемите. Можеби не сакате да ризикувате, но тоа не значи дека не сте многу грижливи и пресметани во сето она што го правите, а тоа најдобро се гледа во вашата кариера.

Останатите денови погледнете ги на наредната страница подолу

error: