Астро

Брутално искрен хороскоп: Биковите се темпераментни, Вагите многу трошат

За следниов хороскоп што ќе го прочитате ви е забрането да се налутите! Ова се најлошите карактеристики на секој знак во Зодијакот.

Овен

– Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.
– Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо.
– Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата.
– Недостатоци: гордост, брзоплетост и его.
– Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни)

Бик

– Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс.
– Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа).
– Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата.
– Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам.
– Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора.
– Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели.

Близнаци

– Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши.
– Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите.
– Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите.
– Често се бисексуални.
– Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли.

Рак

– Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една.
– Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат).
– Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.
– Често имаат поетска и уметничка душа.
– Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: