Астро

Близнаци-Лажат во очи, Девица-нож во грб, Вага-манипулатор до срж – а какви се другите знаци?

Колку и да звучи грубо, недостатоците е најдобро да се посочат директно и без заобиколувања. Во овој текст го правиме токму тоа. Не станува збор за шовинизам туку за опис на припадничките на понежниот пол од аспект на зодијакот. Од вас зависи дали ќе му верувате на овој хороскоп…

Овен: Невидени тапи На жените кој го носат овој хороскопски знак не може да се гледа како на припаднички на понежниот пол, бидејќи тие сепак се овни а не овци. Од ова произлегува дека станува збор за мажи заробени во женско тело и токму затоа женските овни не поседуваат ниту една карактеристика која мажите ја бараат. Немаат нежност, премногу се себични и нападни, не размислуваат логично, не поседуваат емоционална интелигенција, не му се препуштаат целосно на својот партнер (реално, сите овие се машки особини). Водат непредвидлив живот, бидејќи нивниот избор на партнери е површен а после тоа се чудат откако ќе бидат измамени и напуштени. Резимирано, потребно им е многу време да сфатат што се случува околу нив а во некои случаи таквото „просветлување“ целосно ги заобиколува. Не е јасно кои критериуми ги применуваат при изборот на партнер, но ова нека биде предупредување за останатите бидејќи ја знаете поговорката „Со кого си, таков си“. Во отсуство да се каже нешто посуштинско за овој знак, одиме на наредниот…

Бик: Белосветски напори Кравите се вбројуваат меѓу ретките суштества кои не можат ни да ја замислат состојбата на замор која ја создаваат кај соговорникот. Нивната фасцинација со теми поврзани со телесните функции и проблеми (кога добиле, кога не, што ги советувал гинекологот, каква боја имала бубулицата што им се појавила минатиот четврток) кои отворено им ги пренесуваат на лица што ги гледаат прв пат во животот навистина знае да „извади од кожа“. Но тоа не ги спречува кравите да продолжат со своите постапки со широко затворени очи, најчесто на сила, со глава во ѕид. Кај припадничките на овој хороскопски знак, она што го гледате, тоа и го добивате. Само не се надевајте дека во текот на животот ќе се променат.

Близнаци: Лажат во очи Близнаците лажат, тоа е општо познато. Но да повториме уште еднаш, близнаците лажат! Ако се суди според нивните романтични и волшебни зборови, ќе заклучите дека љубовта на Ромео и Јулија не е ништо во споредба со вашата. Но, ако се гледаат делата тогаш ќе видите дека во нејзината листа на приоритети котирате многу ниско, да речеме дека поприоритетни сте само од чистењето на шпоретот. Секогаш ќе мора да направи нешто и да се види со некого пред да биде со тебе. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Вистината е дека те изневерува, најверојатно со повеќе мажи во ист период. Добрата страна е што и нив ги третира исто како тебе. Си имаш работа со некој кој не може да испорача квалитет, па затоа оди на квантитет.

Рак: „Лудачи“ Ниту една од жените во тој знак не е нормална. Го знаете оној вид на манијачки, кои слатко ви се смешкаат а зад грбот држат нож, додека стоите на врвот на зграда полна со лешеви и обвиена во пламен а специјалците мора да користат снајпери за да ја елиминираат? Тоа е жената рак. Имате работа се неурамнотежена личност која го менува своето расположение и по неколку пати во денот. Во еден момент е садист и ваш најголем непријател а во друг е старата, нормална личност која на некој чуден начин има амнезија за настаните што се случувале во претходните неколку часа. Посебна причина за ваквите нагли промени на расположението не мора да постои, едноставно доволни се гласовите во нивната глава.

error: