Астро

Биковите ги чека нова љубов, Лавовите ќе намалат некој килограм – Голем пролетен хороскоп

Овен

Без никакви сомнежи оваа пролет ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Најповолниот период ќе трае до 18-ти април, кога ќе бидете витални, силни, ќе имате доволно елан за нови деловни почетоци, а најмногу од сè од рака ќе ви одат соработките со поединци во странство. Од 18-ти април би можело полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па тој период не е поволен за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор. Во љубовта исто така после 18-ти може да се вратите на стари проблеми, а решенијата ќе ви делуваат како невозможен поим. Сепак, со помош на својата внатрешна сила ќе го надминете кризниот период. Не се предавајте на депресијата и апатијата. Бидете физички активни кога сте нерасположени, движете се, шетајте и бидете во друштво на пријатели.

Бик

Во текот на оваа пролет ќе бидете максимално насочени кон љубовните случувања и стекнувањето на нови познанства, ширењето на кругот на пријатели, излегувања, дружења… Може да очекувате позитивна атмосфера и во поголемиот дел од пролетта ќе бидете во добро расположение. Амбициите ќе ги исполните во текот на април, кога ќе бидете нешто поагресивни и поангажирани на работен план. Ќе имате желба да водите, да се докажете и да останете на врвот. Месец мај пак, ќе ви донесе нова љубов. За сите слободни Бикови мај е поволен период за нови врски кои ќе прераснат во стабилни партнерства. Ако веќе имате партнер – ќе успеете да го подобрите односот и љубовта да процвета. Оваа пролет ќе се чувствувате добро во своја кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите.

Близнаци

За вас поволниот период трае до 29-ти април. Сепак, не може да се каже дека сè ќе ви оди лесно оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Можно е повремено да чувствувате недостиг на енергија. До 29-ти април паметно е да се посветите на работата, да бидете активни и посветени на тимската работа, како и на сите прилики да дојдете до подобрување на финансиите. од 29-ти април до 23-ти мај ве очекува негативен период кога не треба да планирате патувања или почетоци на важни обврски. На љубовен план подобро ќе се снајдат слободните Близнаци затоа што ќе имаат шанси за флерт на секој чекор. Ако сте во врска или брак – партнерот ќе сака да ви наметне нови правила и одговорности кои нема да му одговараат на вашиот разигран и слободен дух.

Рак

Може да очекувате мирна, весела и прекрасна пролет без многу стрес и гужви. Евентуално во текот на април може да бидете во гужви и нервози, па затоа во овој период најдобро е да се посветите на деловните можности за напредок и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај веќе влегувате во мирна фаза во која сте стабилни и на свој терен. Љубовта ќе ви се појави – во тоа нема сомнежи. Очекувајте познанство со личност која ќе биде прилично упорна во своите намери да ве освои. Како и секогаш, до последен момент нема да покажете дали сте заинтересирани или не, но кога ќе дојде до врска, ќе се топите во љубовната атмосфера. Родените во третата декада од овој знак сепак би требало да внимаваат, посебно кога се работи за безбедноста во сообраќајот и здравствените проблеми.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: