Астро

4 хороскопски знаци нареднава недела ќе се напнати и затрупани со проблеми

Бик

Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

Водолија

Неделава можни се проблеми со техниката или некои помали дефекти. Ова не е добар период за купување нови предмети за во домот. Потрудете се да одите на некое пократко патување. Растоварете се некако. Очекувајте поддршка од партнерот во врска со работата. Слободните би било најдобро оваа недела да не влегуваат во некои сериозни приказни туку да се опуштат и да се посветат само на работата. Позитивни сте и одлично се чувствувате, а така ќе биде во текот на цела недела.

Риби

Прилично сте напнати поради работата. Подобра е соработката со жените отколку со мажите. Немојте да им позајмувате пари на другите. Зафатените не треба да влегуваат во расправии со партнерот. Ова не е добар период за решавање на било какви конфликти затоа што само ќе си направите поголем проблем. Оставете да помине оваа недела, да се смират страстите. Слободните се страствени и склони кон авантури.

Рак

Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен. Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво.

 

error: