Астро

4 хороскопски знаци лошо ќе го започнат месец Јули

Скорпија

Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте.

Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.
Здравје
Помалку чувствително, внимавајте на главата и намалете со кафето и цигарите.

Бик

Интензивен период кој ви носи многу збиднувања и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да превземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно. Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни. За депресија и немате време бидејќи работата ви е на прво место.

Иако некои луѓе ќе сакаат да ве извадат од колосек, сепак во тоа нема да успеат. Имате предност во извесни ситуации, па искористете ја на најдобар можен начин. Штедете ги парите, но немојте да бидете многу скржави.
Здравје
Стабилно, можете малку и да спортувате.

Јарец

Не ја губете силата на работи на кои малку можете да делувате, бидејќи многу ќе се нервирате. Вашите имагинативни можности се нагласени, ќе се занимавате со уметност и работи за кои е неопходна фантазија. Иако имате многу причини да бидете задоволни сепак нешто не ве остава на мир. Секогаш сакате повеќе иако знаете дека тоа е невозможно. Откриете што. Задлабочете се во проблемот кој ве мачи; концентрацијата и истражувањето ќе ви биде од корист.

Искажете го своето мислење и уверете ги другите во вашите точки на гледиште. Одлично ќе се снаоѓате во комуникациите со поголем број на луѓе. Од околината ќе бидете добро прифатни, а вашите идеи ќе влезат во план за рализација.

Водолија

Ќе бидете оптеретени во текот на целиот период и ќе се чуствувате доста заморно, но не смеете да потклекните на тешкотиите и едноставно пробајте да издржите и да се борите. Ќе се соочите со финансиски тешкотии, а тоа многу ќе ве загрижува. И покрај големите обврски ќе имате доволно време да размислите за потезите кои порано сте ги имале превземено, но и за нови акции кои би можеле да вродат плод.

Во сето тоа ќе ви биде неопходна поддршката од колегите, а пред се од вашите предпоставени. Во врска со тоа планирајте и службен пат.
Здравје
Добро, можни се повремени слаби главоболки.

error: